Атлетико Мадрид со минумален триумф од 1-0 над Лас Палмас ја стартуваше новата сезона во Примера дивизија.
Ибраниците на Диего Симеоне не блескаа како што се очекуваше на стартот на својот стадион „Висенте Калдерон“ па затоа и победа која беше очекувана беше изразена само со еден гол.
За тоа се погрижи Антоан Гризман со прекрасен гол од слободен удар во 16 минута, а тоа се покажа и како конечен епилог на оваа средба. Во завршницата, Лас Палмас се закани и беше блиску до израмнување, но Облак спаси сигурен погодок. Коке од слободен удар можеше да зголеми и на 2-0, но го погоди дирекот од гостинскиот гол.
Во останатите два натпревара, Еспањол истотака минимално со 1-0 славеше над Гетафе, а Ла Коруња и Реал Сосиедад одиграа без голови.
Натпреварот Рајо Валјекано и Валенсија започна од 22.30 часот.
Големите гиганти Барселона и Реал своите премиерни натпревари ги играат утре. Барселона гостува кај освојувачот на шпанскиот Суперкуп Атлетик Билбао од кого беше високо празена со 4-0 пред една недела, додека Реал Мадрид гостува кај новајлијата во лигата Спортинг Хихон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



