| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе заклучено во сеф во хотелска соба – 30 минути родителите го слушале како плаче

seffffff.jpg-500
Половина час мало дете поминало заклучено во сеф во хотелска соба на водопадите на Нијагара. Според американските медиуми, детето било заклучено од постарото братче со кое играле криенка. Нејасно е зошто родителите тоа го дозволиле, со оглед на тоа што биле со децата во собата и го слушале помалото дете како плаче на цел глас, заклучено во сефот.

Не е познато колкаво било детето но се верува дека било под едно годишна возраст со оглед на тоа што се собрало во сеф со димензии 50cm x 35cm x 43cm.

Дури по извесно време тие го повикале хотелскиот персонал да го извадат малото дете од сефот. Веднаш потоа заминале од хотелот. Кога дошла полицијата веќе ги немало, па била организирана потрага по нив.

По пронаоѓањето на семејството било утврдено дека детето не е повредено, но е во состојба на шок. Родителите сепак поминале неказнето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top