Шампионот на Германија Баерн ја постигна и втората победа во новата сезона откако попладнево на гостувањето го совладаа Хофенхајм со 2:1. Домашните поведоа во 1.минута преку Кевин Воланд, додека стрелци за Баерн беа Томас Милер во 41.минута и Роберт Левандовски во 90.минута. Дополнителен проблем за избраниците на Пеп Гвардиола создаде Жером Боатенг кој беше исклучен од игра во 73.минута по еден старт врз противнички играч во казнетиот простор. Судијата без размислување покажа на белата точка, но Полански не успеа да го реализира пеналот и го остави Баерн во игра.
На другите дуели денеска беа постигнати следниве резултати: Ајнтрахт – Аугсбург 1:1, Хановер – Баер Леверкузен 0:1, Келн – Волфсбург 1:1 и Шалке – Дармштат 1:1.
Во тек е натпреварот меѓу Хамбургер и Штутгарт.
На вчерашниот дуел од 2.коло Херта и Вердер одиграа нерешено 1:1.
Утре се играат последните два натпревара: Инглоштат – Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах – Мајнц.
Баерн и Баер Леверкузен се на врвот на табелата со по 6 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



