
Најмалку седум лица загинале во бизарна несреќа во Англија, кога авион за време на аеромитинг се забил во автомобили на околниот пат, објави Би-би-си. Се работи за авион од типот „хокер хантер“ кој се обидел да изврши лупинг за време на настапот на аерошоуто Шорхам во Западен Сасекс. Но не успеал да го заврши маневарот и се урнал врз автомобили на патот А27, кој по несреќата бил затворен.

Уште две лица се префрлени во болница, а едно е во критична состојба. Десет лица добиле полесни повреди и им била дадена помош на самото место.
Пилотот на авионот не е меѓу жртвите на несреќата. Тој успеал навреме да се катапултира од авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


