Екипата на Лестер се наоѓа на чело на табелата во Премиер лигата, откако и по третото коло тимот е непоразен и сосема заслужено со Манчестер Јунајтед го делат првото место. Попладнево Лестер одигра нерешено дома со Тотенхем 1:1, иако гостите дојдоа први во водство во 81 минута преку Деле Али. израмни Ријад Махрез по само една минута од примениот гол. Проблемите што ги имаат играчите на Тотенхем остануваат исти, откако успеваат први да постигнат гол не го зачувуваат водството и затоа тренерот Поќетино ќе мора да менува нешто во пристапот на играта.
На другите денешни натпревари беа постигнати следниве резултати: Манчестер Јунајтед – Њукасл 0:0, Кристал Палас – Астон Вила 2:1, Норвич – Стоук 1:1, Сандерленд – Свонси 1:1 и Вест Хем – Бурнемонт 3:4.
Утре се играат натпреварите:
ВБА – Челзи, Евертон – Манчестер Јунајтед и
Вотфорд – Саутемптон.
Колото ќе биде комплетирано со дербито меѓу Арсенал и Ливерпул, кое се игра во понеделник навечер.
Табела:
Лестер 7 бодови,
Манчестер Јунајтед 7,
Манчестер Сити 6,
Ливерпул 6,
Кристал Палас 6,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



