| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанците ги предупредиле Французите за терористот; Персоналот на возот се сокрил во локомотивата

talis 3Се претпоставува дека вооружениот напаѓач кој изврши терористички напад во возот Талис на линија меѓу Амстердам и Париз е припадник на радикално исламистичко движење, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернард Казанова.

-Треба да бидеме внимателни, но ако неговиот идентитет се потврди, се работи за 26 годишен марокански државјанин за кој шпанските власти ги предупредиле француските разузнувачки служби дека тој е дел од движењето- истакна министерот кој додаде дека била издадена потерница по него.

Мароканецот лани престојувал во Шпанија, а годинава во белгија. Во Брисел влегол во возот, а белгиското обвинителство почна истрага според антитерористичкиот закон.

Персоналот побегнал во локомотивата

Осомничениот е во притвор во париско преградие каде е префрлен од Арас, град на северот на Франција, каде беше уапсен. Еден од патниците го обвини персоналот на возот дека избегало во локомотивата каде се заклучиле и одбивале да отворат кога ги викале на помош.

-Ги слушнавме патниците кои на англиски викаа „тој пука, има калашњиков“. Бев со децата и партнерката и со уште 15-мина во вагонот број 12, додека драмата се одвиваше на неколку метри одалеченост во вагонот 11- посочува сведокот кој е благодарен на американските војници во цивилна гардероба кои што го спречија нападот и го совладаа напаѓачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top