| четврток, 6 декември 2018 |

Сребрен медал на Светското првенство за глуви

Stojanovski-plivanje-615x400Македонскиот пливач Андреј Стојаноски забележа извонреден успех освојувајќи го сребрениот медал во дисциплината 1500 метри слободен стил на Светското првенство за глуви кое се одржува во Сан Антонио, Тексас, САД.

Стојановски пливаше со време од 16:57.13 доволно за вицешампионската титула во оваа дисциплина преку која ќе се запише во аналите на македонското пливање, и спорт воопшто.

Изминативе денови, Стојановски се избори и за финале во дисциплината 400 метри делфин каде го освои 5. место. Финалиња имаше и во дисциплините 400 метри слободно и 200 метри слободно, притоа освојувајќи го седмото односно осмото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top