| четврток, 6 декември 2018 |

Во Штип легализирани околу 5 000 дивоградби

divogradbiВо Штип од над 10.000 дивоградби легализирани се половина од објектите. Лазар Хаџи-Николов од Одделението за урбанизам во Општина Штип вели дека сопствениците на дивоградби мора да ги комплетираат своите документи за легализација до крајот на годината.

– Вообичаено на сопствениците на вакви објекти им недостасуваат геодетските елаборати, затоа апелираме до граѓаните да ги достават потребните документи за комисиите да можат да работат, вели Хаџи-Николов.

Тој додава дека поголем метеж на шалтерите во општината очекуваат од септември, кога сопствениците на дивоградби ќе се вратат од одморите, но и со цел да го фатат крајниот законски рок, кој завршува на 31 декември 2015 година.

Хаџи-Николов информира дека за компаниите и  јавните претпријатија кои имаат линиски инсталации, а не им се легализирани, за нив рокот за поднесување на барања е до 31 декември 2015 година, а комплетирањето на документацијата со геодетски елаборат е до 31 декември 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top