| четврток, 6 декември 2018 |

Правила за организација на сликите на ѕидовите

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-01.jpg

Многумина се воодушевуваат на уметноста како да се организираат повеќе слики на ѕидот а тоа сепак да делува естетски. Уметниците порачуваат: потребно е да се придржите до неколку правила за никогаш да погрешите при закачувањето на сликите.

Експериментирање

Соберете ги сите слики или фотографии кои сакате да ги закачите на едно место, одберете го ѕидот на кој сакате да се најдат и распоредете ги и пред да ги закачите. Слободно експериментирајте неколку пати за позицијата на секоја слика индивидуално пред да дојдете до најпосакуваниот распоред. Можете да ги распоредите по големина или да направите да изгледаат хаотично, се зависи од вашата преференција.

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-1.jpg

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-2.jpg

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-3.jpg

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-5.jpg

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-6.jpg

Поставување на ѕидот

Потребно е да внимавате и на тоа дали токму на тој ѕид се наоѓа и дел од мебелот за да одредите појдовна точка на поставување на сликите. Ако ѕидот ви е чист најниската слика не би требало да биде пониска од 150 сантиметри од подот, а секоја следна би требало да биде одвоена најмалку 5 сантиметри од другите фотографии. Ако имате мебел на ѕидот, сликите поставете ги на оддалеченост од него во растојание од 15 – 20 сантиметри.

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-7.jpg

Сигурно си е сигурно

Секогаш употребувајте барем три куки при закачување на сликата за да биде стабилна, со исклучок на тоа ако закачувате некоја екстремно поголема слика на која ќе и биде потребна поголема стабилност.

soveti-od-dizajnerite-na-enterier-zakacete-gi-slikite-kako-profesionalec-8.jpeg

Добрата подготовка е половина работа

Ако должината на сликата е 90 сантиметри, двете куки треба да бидат на оддалеченост од 30 сантиметри. Секогаш употребувајте линијар за одредување на местото каде ќе ги ставите куките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top