| четврток, 6 декември 2018 |

Снаата во дилема: Што со голите фотографии на свекрвата?

Свекрвата ја замолила фотографиите од телефонот да и ги префрли на диск. А потоа младата жена доживеала хорор – се соочила со интимните фотографии на својата свекрва, пишува „Дејли меил“.

Слики од внуците, забави и изненадувања и одеднаш се појавува фотографија од свекрвата, нејзините гради, вагина…

– Што да правам? Да ги префрлам и да се правам дека ништо не сум видела? Да ги избришам? Ова се случува кога сакате да му помогнете некому – напишала жената на сајт за родители.

А потоа следувале коментари. Некои сочувствувале со нејзината мака, некои пак ја советувале да ги сними и на нив да гледа како штотуку да ги запознала родителите на нејзиниот сопруг. Третото мислење било да и каже на свекрвата дека ги видела, но да се однесуваат како тоа да е нормално. Имало и такви кои и предложиле добра фотошоп забава.

Најлошото било што свекрвата сакала да ги однесе фотографиите на обработка.

– Мислам дека сите ќе ги избришам. Доколку не знаела дека се таму – тогаш нема никаква штета, а ако знаела тогаш ќе мора да ми признае, но мислам дека тоа нема да го направи…, – напишала жената на крајот од пораката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top