| четврток, 6 декември 2018 |

Американски војници го совладале терористот во возот Талис

talis 3Патниците во возот меѓу Талис на линијата меѓу Париз и Амстердам спречиле терористичкиот напад кој се случи синоќа да заземе поголеми размери. Напаѓачот бил совладан од патниците, американски војници во цивил и потоа беше уапсен во станица Арас во (Па-де-Кале) Франција. Во нападот се повредени две лица, од кои едно сериозно, кога маж отвори оган од пушка калашников.

Истрагата му е доверена на одделот за борба против тероризмот на обвинителството од Париз. Одделот за борба против тероризмот на Парискиот обвинител веднаш одлучи да ја преземе истрагата за настанот кој се случи во високо-брзиот Талис.

talis 1Според елементите кои беа соопштени и од сведочењата на патниците во возот, човек, тешко вооружен со калашников, автоматски пиштол, девет шаржери и кутер, во возот се качил на станицата во Брисел, а по излегувањето од тоалетот започнал да стрела околу 18 часот, при што повредил двајца патници. Едниот од повредените е британски државјанин, тој е потешко повреден и неговиот живот е во опасност.

Напаѓачот бил совладан од двајца американски војници во цивил, кои слушначле како го полни оружјето во тоалетот. Според нивниот сопатник, Антони Седлер, станува збор за Спенсер Стоу од Сакраменто и Алек Скарлатос од Роузбург. Тој раскажа дека слушнале истрел и звук на искршено стакло зад нив, по што виделе вработен во возот како трча по патеката, а потоа и маж вооружен со автомат влегол во вагонот.

talis 2– И додека тој ја полнеше пушката за да пука, Алек извика: Ајде Спенсер и Спенсер почна да трча по патеката меѓу седиштата. Спенсер го направи првиот контакт, го собори напаѓачот, а Алек му го одзеде оружјето, а потоа извади нож и го пресече неколку пати. Потоа заедно тројцата го удиравме, додека не изгуби свест, раскажува Седлер. Според него, за цело време, напаѓачот не изустил ниту збор.  Возот потоа бил насочен кон станицата во Арас, каде веднаш бил уапсен од полицијата и притворен.

Напаѓачот е 26-годишно лице со мароканско потекло.Тој не и непознат на тајните служби, кои за него воделе посебно досие, како лице поврзано со тероростизам.

arasМинистерот Бернар Казенев беше на железничката станица во Арас, повика на претпазлививост, нагласувајќи дека патниците биле безбедни. Сите патници беа пренесени во спортска сала, каде покрај укажаната помош, беше контролиран и нивниот идентитет за да се открие можен евентуален друг терорист.

За белгискиот премиер Чарлс Мишел нема двоумење станува збор за „терористички напад”. Вознемирувачко совпаѓање е тоа што доцна вчера попладне, на линијата на ТГВ помеѓу Марсеј и Париз почнало да има чад, а потоа возот се запалил поради непозната причина, предизвикувајќи евакуација на 800 лица во Сен Квентин-Фалавие во Изер, односно истатото место каде џихадистот Јасин Салхи беше уапсен на 26 јуни по обезглавувањето неговиот газда Ерве Корнара а потоа се обиде да ја нападне фабриката за гас.

Нападот во возот Талис, наликува и на нападот во еврејскиот музеј во Брисел.

Американскиот претседател Барак Обама исто како и многу други политичари им честитаа на двајцата американски војници за покажната храброст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top