Групата “Исламска држава” (ИД) организирала мрежа за трговија со органи во териториите контролирани од неа, тврди Блискоисточниот институт за новинарство. Од таму велат дека џихадистите ваделе органи од жени кои биле држени како секс робинки. Меѓу другото, со парите од нелегалната трговија заработувале пари за да ги финансираат терористичките дејствија, констатира извештај на Блискоисточниот институт за новинарство. Оваа година во контролираните од ИД области се откриени гробови со тела на жени на кои има траги од хируршки операции. Од труповите се извадени бубрези и други органи. За оваа криминална и варварска активност на ИД информира најмногу постојаниот претставник на Ирак во ОН Мохамед Алхаким.
Извештајот на Институтот бил изготвен и врз основа на досие на социјалните мрежи меѓу терористите и лица блиски до ИД. Пристапот до повеќето од овие пораки е отворен, така што досие за можноста “да се најдат женски бубрези и црн дроб” имаше поставено на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.