Вооружениот маж пукал и ранил три лица, од кои две тешко, во брзиот воз „Талис“ кој сообраќа помеѓу Амстердам и Париз. Нападот се оценува како терористички напад. На станицата Арас во северна Франција, каде возот застанал бил уапсен маж, 26 годишен Мароканец.
Антитерористичката полиција започна истрага за пукањето. Меѓу повредените има и британски државјанин.
Медиумите ја пренесуваат изјавата портпаролот на француското министерство за внатрешни работи, дека мотивите за нападот не се познати. Од “Thalys” објавиле на Твитер дека патниците се безбедни и дека ситуацијата е под контрола. Возот бил сопрен и сите Итни служби се присутни на самото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.