Откријте какви сте во љубовта. Само треба да ја погледнете позицијата на малиот прст во однос на домалиот
1. Ако малиот прст е на линија со домалиот
Твоите комуникациски вештини се на задоволително ниво! Доколку имаш прилика со некого да останеш на само, искористи го тоа на најдобар можен начин. Не размислувај за тоа како ќе ги искажеш емоциите. Уживај во секој ден како да е Денот на вљубените и верувај во себе!
2. Ако малиот прст го преминува првиот дел на домалиот
Ти си прилично умна личност и одлично комуницираш! Изразувањето емоции за тебе е лесна работа. Кон сите постапуваш љубезно и великодушно. Но, внимавај! Многумина тоа ќе го сфатат погрешно и ќе те проценат како вештачка личност.
3. Ако малиот прст се наоѓа под првиот дел од домалиот
Дури и доколку некој ти се допаѓа, не го покажуваш тоа јасно. Сакаш прво да видиш што ќе направи другото лице, па ако тоа нe реагира, брзо се разочаруваш.
Доколку веднаш на почеток не откриеш што чувствуваш, веројатно нема многу да постигнеш. Наместо тоа, пробај да комуницираш со СМС, Фејсбук или пронајди заеднички пријател кој би ве споил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Очекувале близнаци, но на свет дошла Ленка која со својата должина ги запрепасти сите
-
Бизнисмен си го исече прстот, го завитка во банкнота и…
-
Докторот сакал да го сече прстот, златарот прстенот, но дошол инженерот и ја завршил работата
-
Што значи показалецот, кој терористите го покажуваат после напад?






