| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски се сретна со новиот албанскиот амбасадор Река

reka

Парламентарната дипломатија е еден од важните елементи на дипломатијата во целост и соработката меѓу Македонија и Албанија е најдобар пример за тоа, истакнале на денешната средба претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и новиот албански амбасадор во Македонија, Фатос Река.

Река, според соопштението од Кабинетот на Вељаноски, изрази надеж дека неговиот амбасадорски престој во Македонија ќе биде продуктивен и ќе добие поддршка во развојот на многу области, особено во однос на развојот на економската соработка. Од големо значење е ангажманот на амбасадорот особено поради етничко албанската заедница во Македонија.

Првиот парламентарец истакна дека Албанија е соседска пријателска држава со која постои одлична соработка во многу области. Укажа на одличната парламентарна соработка на највисоко ниво.

– Од особено значење е заедничкиот придонес во развојот и подобрувањето на животот на граѓаните за кој постои можност да се постигне и на регионално ниво- нагласи Вељаноски.

Двајцата соговорници се согласиле дека заедничките средби се позитивен пример за граѓаните и дека преку нив може да се дојде до нови идеи за развој. Беше потенцирана и важноста на албанската етничка заедница во Македонија, како и на македонската заедница во Албанија.

Вељаноски и Река изразиле желби за понатамошна соработка и заеднички проекти на двете земји и потенцирале дека посветувањето на внимание неизбежно води кон успех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top