| четврток, 6 декември 2018 |

Помал наплив на емигранти на северната граница

Migrants wait permission to cross in Macedonia on their way for the western Europe countries

Жителите на маалото Сланиште лоцирано на крајот од кумановското село Табановце, над железничката пруга, информираат дека изутринава и вчера нема наплив на илегални емигранти.

Тие велат дека откако екипите на Црвениот крст и на УНХЦР ги поставиле монтажните објекти, емигрантите не минуваат во голем број по нивите, односно илегалните патишта што водат кон соседна Србија.

Жителите на Сланиште велат дека се чувствуваат побезбедно откако вчера беше прогласена кризна состојба поради напливот на емигранти. Жителите и граѓанските активисти од повеќе невладини организации што беа лоцирани на ова подрачје, потврдуваат дека вчера пристигнал еден воз од Гевгелија околу 13 часот.

Од Итната помош Куманово изутринава потврдија дека вчера не интервенирале на Железничката станица во Табановце. Од општинската организација на Црвениот крст Куманово информираат дека нивни активисти помагаат на јужната граница и дека на Железничкиот премин Табановце нема потреба од поголема ангажираност, бидејќи нема наплив на емигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top