| четврток, 6 декември 2018 |

Васко Ефтов: СДСМ се подготвува за пораз

vasko eftovЗаев не очекува дека СДСМ ќе победи на следните избори и прави се ( со математички операции ) да го ублажи поразот на СДСМ. Односно, ВМРО да изгуби дел од донтовиот бонус и дел од пратеничките мандати во дијаспората. Тоа укажува дека Заев ја почнува битката не за да победи на изборите туку да изгуби со што е можно помала разлика за да може да остане на чело на СДСМ, напиша Васко Ефтов на Фејсбук.

-За да имате точни проценки што ќе се случува во Македонија треба само да ги слушате политичарите и да ги анализирате добро нивните изјави. Денес имавме и можевте да слушнете две изјави. Едната на Заев кој кажа дека СДСМ се залага на следните избори цела Македонија да биде една изборна единица. И втората на Груевски кој се залага за мнозински модел, односно враќање на изборниот модел според кој беа организирани првите и вторите парламентарни избори во Македонија и во значаен дел и изборите 1998 година, пишува Ефтов.

Според Ефтов, со две вакви изјави на секој што следи политика му е јасно што очекуваат двете најголеми партии на изборите во април.

-Тука не ви требам ни јас ниту било каква моја проценка и анализа. Со денешната изјава Заев покажа дека не очекува победа на априлските избори!? Зошто!? Според донтовиот модел партијата која има најмногу гласови ( најмногу гласови во една изборна единица ) во основа може да смета за три до пет пратеници бонус. Во најлош случај за бонус од два до четири пратеници. Плус пратениците во дијаспората. Зошто Заев ако цени дека СДСМ ќе ги добие следните избори ќе се откаже од тој донтов бонус!? Нема логика нели! Или логиката е многу проста: Заев не очекува дека СДСМ ќе победи на следните избори и прави се ( со математички операции ) да го ублажи поразот на СДСМ. Односно, ВМРО да изгуби дел од донтовиот бонус и дел од пратеницжчките мандати во дијаспората, смета Ефтов.

Според новинарот, тоа укажува дека Заев ја почнува битката не за да победи на изборите туку да изгуби со што е можно помала разлика за да може да остане на чело на СДСМ.

-А што ви зборувам јас цело време!? Сега само мајстор Заев ги потврди сите тези и анализи кои ги правев досега. И втората изјава на Груевски за нивно преферирање на мнозински изборен модел. Тоа е модел сличен на претседателските избори каде само еден победува. На пример се избираат 120 пратеници. Теоретски е можно во сите 120 случаи кандидатите на СДСМ да имаат 49 отсто од гласовите ( во вториот круг ), кандидатите на ВМРО да имаат 51 отсто од гласовите и во такви услови СДСМ да има нула пратеници а ВМРО 120 пратеници без разлика што разликата меѓу двете партии е само два отсто. Што ќе рече дека мнозинскиот модел значајно го зголемува пратеничкиот резултат на најсилната партија, пишува Ефтов.

Тој додава дека со инсистирање на мнозинскиот модел Груевски покажува дека верува во „џандар збира“ избори какви што се мнозинскиот-каде победникот носи се. Така стојат сега работите, затоа треба со внимание да ги читате и анализирате изјавите на политичарите, заклучува Ефтов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top