| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока пресметка на украински и на полски навивачи, летаа факли, шишиња и ножеви (видео)

navivaci

Навивачите на Динамо Киев и Легија од Варшава синоќа во главниот град на Украина имаа блиска средба. Полските навивачи допатуваа во Киев за да го бодрат својот тим во натпреварот од Лига на Европа против Зорија, а тој меч ќе се игра во Киев на стадионот „Валери Лобановски“.
Полските хулигани важат за едни од најжестоките навивачи во цела Европа и немаат никаков проблем да се степаат, каде и да гостуваат.
Локалните медиуми пренесуваат дека повеќе од 60 полски навивачи провоцирале на една станица за метро и ги предизвикале домаќините иако нивниот клуб, Динамо не настапува против Легија.
Фановите на двете спортивставени страни не бирале средства за пресметка, па покрај факли, користеле и шишиња па дури и ножеви.
Епилогот е многу повредени од двете страни кои биле префрлени во болница, на санирање на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top