Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска и утре е во официјална посета на Србија, каде што ќе има средби со премиерот Ивица Дачиќ, претседателот на српското собрание, министерот за надворешни работи и со други официјални лица од Србија.
Вељаноски прво ќе се сретне со неговиот колега Небојша Стефановиќ, како и со членовите на пратеничката група за пријателство со Македонија.
Потоа ќе се сретне и со српскиот премиер Дачиќ. За време на неговата посета на Македонија во јануари тој имаше средба со Вељаноски, по која порача дека Србија сака да биде најдобриот пријател на македонскиот народ и на македонската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


