| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгелија преку ИПАРД ќе реализира три проекти

гевгелија

Општина Гевгелија ќе добие 45,9 милиони денари од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој во 2015 година за реализација на три проекти со кои аплицираше на објавениот јавен повик од страна на Агенцијата за финансика подршка во земјоделството и руралниот развој.

Од службата за односи со јавноста денеска информираа дека 19,7 милиони денари на општина Гевгелија и се одобрени за изградба на канализациски системи во населените места Давидово и Моин. За изградба и реконструкција на улици во приградската населба Мрзенци на Општината и се одобрени околу 15 милиони денари, а останатите 11,2 милиони денари ќе бидат наменети за изградба на останатите два километри од локалниот пат Негорци-Серменин.

Од општината истакнаа дека одобрените финансиски средства ќе дадат голем придонес во подобрувањето на квалитетот на животот во руралните средини во општина Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top