| четврток, 6 декември 2018 |

Се урнаа два кинески воени авиони – загинаа двајца пилоти

Двајца кинески пилоти загинаа откако се урнаа два воени авиони во провинцијата Шандонг.

Според агенцијата Ксинхуа, инцидентот се случил вчера кај градот Ронгченг за време на лет за обука на пилоти. Авионите биле од типот „сухои СУ-27“. Засега нема информации за причините што довеле до оваа несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top