| четврток, 6 декември 2018 |

Исплатени 52 милиони денари субвенции за земјоделците и за отштета од поплавите

zemjodelstvoВладата денеска исплати 52 милиони денари за субвенции за поддршка на земјоделството и за отштета на земјоделците од поплавите што се случија годинава.

Како што соопшти Министерството за финансии, за отштета за поплавено земјоделско земјиште, исплатени се 39,5 милиони денари во општините Битола, Новаци и Могила.

poplavi-pelagonijaЗа субвенции за поддршка на сточарството и други земјоделски гранки исплатени се 12,5 милиони денари. Од тоа 4,3 милиони денари за грла овци, 2,4 милиони денари за постоечки овошни насади, 1,4 милиони денари за порибување на рибиоловни подрачја и зони, 1,1 милиони денари за инвестициони вложувања, 1 милион денари за помош на млади земјоделци, 0,9 милиони денари за кози, 0,5 милиони денари за пчели, 0,5 милиони денари за техничка помош за рибарство и 0,3 милиони денари за приплодни маторици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top