| четврток, 6 декември 2018 |

Српските безбедносни служби подготвени да реагираат во случај на насилства на Косово

 Српските безбедносни служби се подготвени да реагираат ако, во случај да не се постигне договор меѓу Белград и Приштина, дојде до влошување на безбедносната ситуација на Косово, изјави за „Танјуг“ претседателката на собранискиот одбор за контрола на службите за безбедност на Србија, Јадранка Јоксимовиќ.

– Нашите служби за безбедност ревносно ја следат ситуацијата на терен и подготвени се во некое, се надевам, непостојно, но лошо сценарио да реагираат. Службите за безбедност се во приправност, но очекувам преговорите да превенираат од конфликти и се надевам дека во таа смисла и меѓународната заедница ќе инсистира тој аргумент на насилство да не се користи – заклучила Јоксимовиќ.

Јоксимовиќ изразила надеж дека до такво нешто нема да дојде, но и не исклучува таква можност.

Тоа што е факт е дека на страната на косовските Албанци постојат доста внатрешни превирања и токму тој вид политичко расправање и незадоволство може да биде користено како аргумент за евентуално насилство. Не верувам во такво сценарио, но не би рекла дека е невозможно, истакнала Јоксимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top