| четврток, 6 декември 2018 |

Летото ја губи силата, викендов не очекуваат пониски температури

време2

Постабилно време во западните делови на Македонија, а поинтензивни врнежи на истокот од земјата, со пад на температурите. Вакво време според прогнозата на порталот Метеопро не очекува викендов што следува.

Сабота ќе биде пооблачна и релативно врнежлива во источниот крај, пред се во повисокиот дел. Таму се очекуваат повремени врнежи речиси во текот на целиот ден. Во западниот крај пак, денот ќе биде умерено облачен, со услови за релативно слаб дожд, пред се во северната половина од споменатиот регион.

Недела ќе биде значително подобра во метеоролошка смисла. Облачноста ќе биде значително намалена, а сончевите периоди ќе бидат и подолги и почести.

Во однос на температурата, сабота ќе биде релативно свежа. Во поголем дел од  котлините максималната температура ќе има вредност околу 25°С. Околу 23°С максимална температура се очекува во охридско-преспанскиот крај, како и во осоговско-малешевскиот регион. Потопло, до 29°С, ќе биде во југоисточниот крај. Недела во однос на сабота ќе биде потопла за 2 до 3 целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top