Седум лица загинаа денеска при судир на два мали спортски авиона во близина на селото Червени Камен во словачката област Тренчин.
Претставникот на владината агенција за истражување несреќи Јурај денеш изјави дека според првичните информации во авионите L-410 имало околу 40-тина падобранци. Судирот се случил на височина од 1.500 метри.
Денеш истакна дека некои од падобранците од еден од авионите успеале да се спасат бидејќи скокнале од леталото пред несреќата.
Портпаролот на спасувачката служба, Андреј Хирјак изјави дека биле испратени три хеликоптери на местото на несреќата, кое се наоѓа во планински дел на границата со Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Несреќа во Германија, најмалку 11 луѓе се повредени при судир на воз и камион
-
Ало, вашата ќерка е мртва: Потресни исповеди на семејствата на настраданите во верижниот судир!
-
Шестчлено семејство од Шведска доживеа сообраќајка на патот Охрид – Кичево
-
Авиони на војската на Србија надлетуваат над Ниш и јужна Србија