| четврток, 6 декември 2018 |

Потерница по Тачи, Лимај и Чеку

Приштинскиот дневен весник „Бота сот“ на насловната страница објави фотографии од поранешните припадници на ОВК, кои, како што пишува, би можеле да бидат осудени од Специјалниот суд за злосторства

poternica-bota-sot-taci-kosovo-ratni-zlocini-mediji-600x458

На фотографиите се вицепремиерот и министер за надворешни работи Хашим Тачи, претседателот и потпретседател на собранието на Косово, Кадри Весели и Џавит Халити, поранешниот премиер и главен командант на ОВК, Агим Чеку, пратеници во осбранието на Косово: Саип Муја, Даут Харадинај, Азем Суља, Фатмир Љимај, Лахи Ибрахимај, како и поранешниот командант на ОВК од 1997 до 1999 година Бислим Зирапи.

Во текстот под наслов „Командантите на војната ќе ги истражат нивите соборци“, дневникот „Бота сот“ наведува дека на Специјалниот суд почнуваат да му се приклучуваат и истражни полициајци од Косово, иако се плашат дека од морални причини да и се придружат на меѓународната екипа за истрага.

 

Тие се плашат дека потоа во Приштина ќе бидат означени и „обвинети“ за истрага против своите пријатели, соборци , како и дека ќе го загрозат идеалот на синтагмата „пријатели на идеалите“.

„Бота сот“ дознала од полициски извори на Косово дека пред три месеци е повикан полицаец, кој не сакал да се претстави, за да биде дел од екипата за истрага на Специјалниот суд.

-Пред три месеци ме повикаа и ми рекоа дека ме бараат за истражите – рекол полицаецот.

Од друга страна службениците на полицијата велат дека полицијата во Косово има доволно капацитет да го спроведува законот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top