Кошаркарот на Лиусвил, Кевин Вер, доживеа страшно тешка повреда на дуелот со Дјук, од регионалното финале на Средниот Запад, во НЦАА лигата, откако незгодно доскокна и ја скрши десната нога. Глетката беше застрашувачка, а неговите соиграчи беа во шок. Според извештаите од САД, дел од резервните кошаркари на популарните Кардиналс дури и повраќале. Повредата на Вер се случи во нивна непосредна близина.
Повреденото момче беше транспортирано во болница во Индијанаполис. Според репортерот на телевизијата „Си-Би-Ес“, Трејси Вулфсон, кој беше на теренот, Вер им рекол на соиграчите да продолжат да играат.
– Не грижете се за мене. Ќе биде сѐ во ред. Вие продолжете да играте и победете – рекол Вер, при транспортирањето од теренот.
Во моментот кога се случи несреќниот инцидент, Луисвил водеше со 21-20. На крајот соиграчите на Вер победија со 85-63 и ќе играат полуфинале против Вичита стејт, на фајналфорот за титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


