Конфликтот помеѓу Жозе Мурињо и Ева Карнерио доби поголеми димензии од што се очекуваше и реакциите освен во соблекувалната и клубот, се случуваат и надвор од него. Во тоа се вклучи и госпоѓа Абрамович, Дарја која збеснала откако го видела циничното однесување на португалскиот стручњак за време на мечот со Свонси, а особено кога дознала дека е суспендирана за натпреварот против Манчестер Сити.
– Абрамович е шокиран од она што се случи, а неговата сопруга е уште побесна. И покрај тоа, не можеме јавно да го критикуваме Мурињо бидејќи тој може да си оди, а неодамна потпишавме со него нов четиригодишен договор. Сопственикот не е тука, но каде и да е, знае што се случува. Сигурен сум дека ќе преземе мерки – изјавил за британските медиуми извор близок на клубот.
На страната на Карнеиро застнале и фудбалерите кои не го одобриле однесувањето на Мурињо кон неа. Еден од нив, дури, испратил голем букет цвеќе во нејзиниот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит
-
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден!