| четврток, 6 декември 2018 |

Волфсбург го условува Манчестер Сити, или 90 милиони за Де Бруин или ништо

kevin de bruin

Вицепрвакот на Премиер лигата Манчестер Сити веќе подолг период е заинтересиран за најдобриот играч на Волфсбург Кевин де Бруин.
Тимот од „Етихад“ испрати неколку понуди до бундеслигашот, меѓутоа тие беа одбиени. Пред неколку дена самиот фудбалер ги израдува фановите на „волците“ со тоа што изјави дека и следната сезона ќе настапува за тимот од Германија.
Сепак, од управата на клубот истакнаа дека би можеле да се ослободат од најдобриот играч во Бундес лигата доколку некој тим уплати неверојатни 90 милиони евра.
Сега на потег се „граѓаните“, чијашто последна понуда гласеше 83 милиони евра за петгодишен договор.

Управата на Волфсбург му нуди продолжување на договорот и зголемување на платата на 10 милиони евра. Каков ќе биде исходот од оваа сапуница, останува да се види.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top