Двајца напаѓачи на мотоцикс убиле полицаец во градот Сус во Тунис, каде што во јуни беше извршен џихадистички напад во кој беа убиени 38 странски туристи, соопштија властите во Тунис.
Непознатите напаѓачи пукале кон тројца полицајци што биле на улица. Еден од нив е погоден по што починал в болница. Локалните медиуми јавуваат дека во нападот се ранети и другите двајца полицајци.
Нападот се случил додека полицајците на патот чекале превоз до соседниот град во централниот дел на Тунис. напаѓачите користеле пушка, а од министерството за внатрешни работи информираат дека во тек е обемна потрага по напаѓачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.