| четврток, 6 декември 2018 |

Сензационално: Марија Шарапова и Ана Ивановиќ ќе играат егзибициски меч во Скопје

Марија Шарапова и Ана Ивановиќ ќе играат егзибициски меч во тенис, на арената „Филип Втори“ во Скопје. Датумот сѐ уште не е одреден, а доаѓањето на двете тениски убавици во Македонија е веќе договорено.

Наградниот фонд ќе биде еден милион евра, од кои победничката ќе добие 600 илјади евра. За поразената, бонусот е 400 илјади евра. Поради огромен интерес, тенискиот спектакл ќе се одржи на националната арена „Филип Втори“, пред повеќе од 30 илјади гледачи. Натпреварот ќе се игра на трева за да биде поатрактивен за публиката. Можно е двете тенисерки, кои во минатото беа број 1 на светската ранг-листа и имаат гранслем-титули, да одиграат уште еден меч во двојки, во кој ќе се приклучат две македонски тенисерки.

Ana

Организацијата ја поддржаа двајцата кандидати за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски и Јани Макрадули, а влезот ќе биде бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top