Во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и Хотел Солун, четврток на 20 Август 2015 ќе започне со работа 10-та по ред Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2015“ која ќе трае до 30-ти Август. Колонијата се одржува во Хотел Солун.
Град Скопје во рамките на својата политика за проширување и подобрување на меѓународната културна соработка, во 2006 година основа Меѓународна Ликовна Колонија, која годинава ќе се организира по десетти пат. Меѓународната Ликовна Колонија „Скопје 2015“ е организрана од Музеј на град Скопје со финансиска подршка од Град Скопје.
Меѓународната Ликовна колонија „Скопје 2015 “ ќе се оддржи во Хотелот Солун лоциран во централното јадро на град Скопје. Лоцирањето на Колонијата во центарот на градот, е во рамките на програмски активности на Град Скопје, и Музејот на град Скопје, со цел за анимирање на централното јадро од градот, кое во последните години видно го измени својот лик. Со оглед на тоа што централното градско јадро е пешачка зона, намерата на органзаторите е, на учесниците на Колонијата, да им се предочи богатата разноликост од архитектура, културна историја и традиција.
Во близината се наоѓа и Старата Скопска Чаршија која е доста интересна по својата архитектура и старите занаети и преставува една од најголемите ориентални чаршии на Балканот.
Затоа врската со времето и просторот и оваа година ќе биде pредизвик за учесниците од Меѓународната Likovna kolonija “Скопје 2015” да творат на соодветно место, токму тука, во централното јадро на градот, во хотелот Солун со прекрасниот поглед од работните простории – атељеа кои се на најгорниот кат.
Оваа година на своите ликовни дела свој потпис ќе остават десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини.Тоа се:
Ване Костуранов, Али Синани, Петра Јовановска, Стојче и Емилија Тоциновски и Петар Попчев од Македонија, како и Мариана Алассеур од Р.Чешка, Фусун Чалајан од Турција, Малгорзата Јоана Каплан од Полска, Вацлав Малина од Чешка и Нејра Сабљица од Босна и Херцеговина.
Затоа веруваме дека културната јавност ќе ја поздрави оваа манифестација под патронство и заложба на г-дин Коце Трајановски градоначалник на град Скопје и неговите соработници, како и стручниот тим од Музејот на град Скопје кој е организатор и реализатор, но и тимот на хотел Солун, кој несебично ги отвори своите врати и ја подржа оваа манифестација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.