| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Турција брзо се движи кон нови избори

erdogan

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека земјата брзо се движи кон одржување на вонредни избори, бидејќи обидите да се формира влада беа неуспешни.

– Повторно одиме кон избори – истакна Ердоган во телевизиско обраќање, додавајќи дека „единствено решение за излез од политичкиот застој е вртење кон волјата на народот“.

Тој денеска ќе го консултира Парламентот за формирање на владата.

Партијата на правдата и развојот на изборите кои се одржаа на 7 јуни првпат од 2002 година го губи мнозинството, поради што беше принудена да бара коалициски партнер за состав на влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top