Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека мора да се разговара за одлуката на вуковарскиот градски совет да ги отстрани кириличните натписи во овој град, реагирајќи на изјавите на официјални претставници на ЕУ дека Брисел не е надлежен за тоа.
– Кога е во прашање Србија, се изјаснувале и за многу поневажни работи. За темелните вредности на ЕУ, за кои сите се залагаме – демократија, слобода, човекови и малцински права, немаат реакција на своја земја-членка, а се мешаат во нешто кое нема врска со темелните вредности и тоа во земја која сѐ уште не е членка на Унијата – истакна Вучиќ.
Тој нагласи дека „Хрватска е суверена земја, но ова се работи за кои мора да се разговара“.
– Замислете ние да ги укиневме латиничните табли во Белград или во Суботица, тоа ќе беше скандал од светски размери – објасни српскиот премиер, нагласувајќи дека ќе истрае во борбата за правата на Србите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста