| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Илиевски фатил крадец во својот дом

Пејачот Дарко Илиевски пред две ноќи фатил момче, кое преку прозорецот се обидело да влезе во неговиот дом во Аеродром. Пејачот случката ја сподели со пријателите на „Фејсбук“ и ги предупреди неговите соседи да се пазат.

Како што опишува Илиевски, во 4.30 по полноќ, момче со руса коса, високо 1,75 сантиметри и не повеќе од 24 години, се обидело да му влезе во станот преку прозорец.

– Случајно отидов да се напијам вода до кујна и на враќање го гледам како се прекачува – раскажува тој, додавајќи дека иако тргнал да го брка, момчето како искусен апаш, брзо избегало.

– Пријатели, вие што живеете во општина Аеродром, споделете затоа што може да дојде и кај вас – порача тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top