| четврток, 6 декември 2018 |

Германија го одобри новиот спасувачки план за Грција

герман

Германскиот Бундестаг (Долниот дом на Парламентот) денеска со големо мнозинство ја одобри третата спасувачка програма за Грција во последните пет години, пренесоа светските агенции.

Од 585 приситни пратеници на вонредната седница на Бундестагот „за„ гласаа 454, 113 беа „против“ и 18 „воздржани“, покажуваат официјалните резултати од гласањето, цитирани од француските медиуми.

Во текот на денешниот ден и холандскиот Парламент треба да се произнесе за дополнителниот пакет, што во следните три години на Грција ќе и овозможи финансиска помош од 86 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top