| четврток, 6 декември 2018 |

Труп во распаѓање пронајден кај „Железара“

Вчера околу 06.10 часот во кругот на фабриката „Железара“ на ул.„16-та Македонска бригада“, пронајден е непознат машки труп во фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот е извршен од страна на увидна екипа од скопската полиција и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција.

Се работи на утврдување на идентитетот на лицето како и целосно на расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top