Поранешниот британски атлетичар 58-годишниот Себастијан Коу е нов претседател на Светската атлетска федерација (ИААФ). Тој доаѓа на местото на Сенгалецот Ламин Дијак кој 16 години беше на чело на атлетиката.
Коу на изборот за претседател на ИААФ во Пекинг го победи Сергеј Бубка со 115 гласа, наспроти 92, колку што доби славниот украински скокач на стап. Тој доби четиригодишен мандат, и се очекува заедно со Бубка кој го задржа местото потпретседател на ИААФ успешно да ја продолжат работата на Ламин Дијак.
Коу е двократен олимписки шампион на 1.500 метри, поранешен парламентарец на Конзервативната партија и претседател на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Сергеј Бубка му посака успех на новиот претседател во водењето на спортот на кој и двајцата ги посветија своите животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.