Денеска во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите во последното коло се одиграа шест натпревари.
Единствениот тим кој создаде солидна предност на домашен терен е Манчестер Јунајтед кој успеа да слави на „Олд Трафорд“ со 3-1 над белгискиот преставник Бриж.
Сепак симпатизерите на „црвените ѓаволи“ занемеа во осмата минута кога Мајкл Керик си постигна автогол и го доведе тимот на Бриж во водство од 1-0. Тој лошо реагираше во сопствениот шеснаесетик и го изненади голманот Ромеро.
Сепак работите си дојдоа на свое место до паузата за полувремето со двата гола на Мемфис Депај кои беа вистински ремек дела.
До крајот на мечот во судиското продолжение Фелаини постигна и трет гол на асистенција на најдобриот фудбалер на Манчестер вечерва Мемфис Депај за скоро сигурен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.
Останатите пет средби завршија со минимална предност за домаќините.
Астана славеше против Апоел со 1-0, а со идентичен резултат Бате Борисов славеше над Партизан и Лацио над Баер Леверкузен.
Спортинг Лисабон беше посуспешен од ЦСКА Москва со 2-1.
Реванш дуелите се играат за една недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)