| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар конечно победи во третиот натпревар против Флери

zrk vardar

Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар се наоѓаат на подготовки во Франција каде одиграа три натпревари со францускиот шампион Флери.
Во првите два дуела одиграни во петокот и неделата избраничките на Индира Кастратовиќ забележаа два порази од 25-23 и 34-28. Во денешниот трет и последен натпревар во Франција црвено-црните ја остварија првата победа со резултат 27-25.

Во текот средба вардарки имаа контрола над резултатот, а на полувреме имаа и предност од четири (15-11), за да на крај слават со два гола разлика (27-25).

Најефикасна на натпреварот беше Андреа Пенезиќ со 8 гола, Олга Черноиваненко и Андреа Лекиќ постигнаа по 4, а новиот пикер, Андреа Човиќ придонесе со 3 погодоци. Голманките Суслина и Лејно беа солидни со 14 одбрани заедно.

Ова за ЖРК Вардар беше втор триумф во четвртио меч од подготвителниот период откако на стартот беа подобри од Мио Биганос. По турнејата во Франција, ЖРК Вардар заминува на турнир во Букурешт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top