| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот монструм проговори: Ја убив зошто нејзините ми должеа пари

Несреќната девојка, која е погодена во срце, набрзо починала, додека Предраг се обидел да побегне со својот автомобил, но полицијата го уапсила кај Мрчаевац.

Убиецот Павиќ непосредно по апсењето изјавил дека мотивот за убиството бил долг.

– Нејзиното семејство ми должи пари. Лежеше неколку пати дека ќе ми ги врати, а сега одрекува, ме изнервира и пукав во афект – изјави Павиќ објаснувајќи зашто ја убил девојката.

Како што дознаваат медиумите од Србија, постојат повеќе верзии за тоа што е мотивот за злочинот. Според една, Предраг бил заљубен во Ивана и и се додворувал, но таа упорно го одбивала, а според друга тие биле во врска и Ивана решила да ја прекине бидејќи има сопруг и дете.

– Павиќ со години го познавал семејството на Ивана, со која живеел во исто село. Често доаѓал во тоа кафуле. Сеуште се испитува дали љубомората е мотив за злочинот – изјави извор близок до истрагата.

Крвавата драма се случила вчера околу 15 часот во центарот на Краљево, кога Предраг дошол во кафулето во кое работела Ивана. Прво ја побарал во дворот, а потоа влегол внатре. Ивана во тој момент стоела покрај шанкот за да ја преземе нарачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top