| четврток, 6 декември 2018 |

И тоа чудо се случи, Федерер и Надал по 10 години не се број 1 или 2

И тоа чудо се случи, по 10 години Роже Федерер и Рафаел Надал не се на една од двете водечки позиции на светската ранг-листа. Со победата на турнирот од мастерс-серијата во Мајами, Енди Мареј го смени Федерер, на втората позиција и сега е зад лидерот Новак Ѓоковиќ.

Од ноември 2003 година, или Федерер, или Надал, или, пак, двајцата заедно постојано биле на првото или на второто место на листата на АТП. Швајцарецот од денеска е на позицијата број 3, а Надал е петторангиран. Меѓу нив е Давид Ферер, тенисер кој загуби од Мареј во финалето на Ки Бискејн со 6-2, 4-6, 6-7.

Идентична смена има и кај дамите, а сега Марија Шарапова е на второто место, пред Викторија Азаренка. Пред нив е само Серена Вилијамс. Помладата од сестрите Вилијамс ја победи Шарапова во финалето во Мајами и по рекорден, шести пат го освои турнирот. Марија има 0-5 во финалињата на Ки Бискејн, а сите порази ѝ се од различни противнички. Сепак, и со пробивот дотаму таа ја помина Белорусинката Азаренка на листата на ВТА. Зад триото водечки тенисерки се Агњешка Радванска и На Ли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top