| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми не може да настапи на првиот дуел против Скендербег во ЛШ

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и еден од најдобрите играчи на Динамо Загреб, нема да може да настапи на првиот натпревар во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите што неговиот тим го игра против албанскиот Скендербег.
Тој се повреди на првенствениот натпревар за Динамо против Сплит во рамките од хрватското првенство добивајќи тежок удар во колкот, по што мораше да го напушти теренот уште во осмата минута.

Репрезентативецот на Македонија тренирал со „модрите“, но како што пренесуваат медиумите од Хрватска – не успеал да издржи до крај. Како што се најавува тој ќе биде во добра форма за реваншот што за седум дена ќе се игра на „Максимир“.

Натпреварот меѓу Скендербег и Динамо Загреб се игра утревечер од 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top