| четврток, 6 декември 2018 |

Солдадо ќе ја носи „деветката“ на Вилјареал

Откако го договори трансферот на поранешниот напаѓач на Тотенхем, Роберто Солдадо, Вилајреал вчера го престави новото засилување во клупските простории и му го додели дресот со број девет.
Солдадо се врати во Примера-дивизија и се обврза на тригодишен договор со „жолтата подморница“.

– Веруваме дека Роберто Солдадо ќе биде големо засилување за нашиот тим. Тој е „роден“ напаѓач, веќе докажан во Примера, но и на интернационалната сцена и секако дека ни претставува чест што ќе настапува за нашиот клуб – истакнаа од Вилјареал на промоцијата на својот нов напаѓач.

Солдадо минатата сезона постигна седум гола во дресот на Тотенхем, каде што не успеа да се наметне доволно по доаѓањето од редовите на Валенсија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top