Синоќа во Премиер-лигата беше одигран последниот натпревар од второто коло во кое Ливерпул на „Енфилд роуд“ славеше минимална победа од 1-0 над новиот премиерлигаш Бурнермут.
Ливерпул беше надмоќен во текот на целиот натпревар и можеше да постигне уште некој погодок, но единствениот гол на средбата го постигна новиот центарфор на „црвените“ Кристијан Бентеке во 26. минута, откако одлично се снајде во казнетиот простор на противникот.
Бентеке можеше да биде двоен стрелец, но неговиот удар во самиот финиш од мечот заврши во гредата. Бурнемут единствената сериозна шанса за гол ја имаше преку Ричи, кој ја погоди стативата од голот на Мињоле.
Ливерпул заедно со Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и Лестер има стопроцентен ефект по две кола и се наоѓа на врвот на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.