Паоло ди Канио е нов менаџер на премиерлигашот Сандерленд, по смената на Мартин О’Нил. Италијанскиот стратег потпиша дво и полгодишен договор со популарните „црни мачки“, а ќе има тешка задача да го спаси клубот од испаѓање. Сандерленд нема победа во последните 8 кола во Англија и е во опасната зона со 31 бод. По поразот завчера од Манчестер јунајтед со 0-1, отказ доби мартин О’Нил. Ди Канио порано играше во Премиер-лигата за Вест Хем, а во февруари годинава 44-годишниот тренер си замина од клупата на третолигашот Свиндон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


