Внуката на холивудскиот актер Морган Фримен е пронајдена избодена на плочник среде Менхетен. Полицијата ја пронашла триесет и тригодишната Идина Хајнс без свест и со убодни рани на телото. Над неа стоело нејзиното поранешно момче, кој неконтролирано викал „Излегувајте демони. Ве протерувам во име на Исус“.
Набрзо потоа Хајнс е прогласена за мртва во болницата во Харлем, а 30-годишниот Ламар Давенпорт уапсен како главен осомничен и даден на психијатриско испитување.
Сведоците изјавиле дека тој бил како полуден, веројатно под силно дејство на наркотици, а според американските таблоиди, тој бил убеден дека извршува егзорцизам.
Хајнс е внука на првата жена на Фриман, но актерот секогаш ја претставувал како своја внука. Тој во изјава за медиумите рекол дека навистина му е жал што светот никогаш нема да ја види нејзината уметност и талент и колку таа имаше да понуди.
Хајнс студирала глума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка