| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар е победник на турнирот во Кањижа

vardar

Ракометниот шампион на Македонија Вардар, се враќа со освоено прво место на турнирот Кањижа. Подготовките се во полн ек, и затоа најдобриот ракометен тим во државава игра и пријателски натпревари и учествува на турнири за да може подобро да се подготви за искушенијата кои следуваат во Лигата на шампионите оваа сезона.
Во финалето Вардар ја оправда фаворитската улога против вицешампионот на Унгарија Пик Сегед и го совлада со 22-19.

Унгарците почнаа добро, имаа 5-2 по 10 минути и Вардар иако ја надоместо таа разлика никако не можеше да го преземе водството сѐ до 25. минута. Тогаш, од негатива 8-9 постигнаа три гола по ред и дојдоа до 11-9 на полувреме.

Во вториот дел Вардар имаше контрола на случувањата и сам во еден момент му дозволи на противникот да изедначи на 17-17, во 50. минута. Но од тој момент избраниците на Раул Гонзалес серија од 5-1 за највисоки 22-18 на натпреварот, а до крајот примија само уште еден гол.

Најефикасен во денешната победа на Вардар беше Карачиќ кој постигна седум погодоци, додека втор стрелец со пет постигнати погодоци беше Горбок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top