| четврток, 6 декември 2018 |

Цистерна виси над бездна длабока 130 метри (видео)

kamion-visiВозач на цистерна со гориво во Бугарија доживеал сообраќајна несреќа. По пукање на гумата изгубил контрола над возилото кое удрило во друг камион, за да потоа ја пробие заштитаната рампа на вијадукт.

Кабината на возачот останала да виси над оградата цели два часа на 128 метри од тлото, а со оглед на тоа дека камионот превезувал гориво од Софија во Ботевград, спасувачите морале да постапуваат со најголема претпазливост.

За среќа, возачот е извлечен од кабината неповреден.

Несреќата се случила вчера попладне, 37 км источно од Софија.

Според првичните извештаи, цистерната превезувала 20 тони гориво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top