Манчестер Сити на домашен терен го декласираше актуелниот шампион Челси со 3-0 и повторно потврди дека е еден од најсериозните кандидати за титулата оваа сезона во Премиер лигата.
Продолжува сериозната криза на тимот на Жозе Мурињо која трае уште од подготовките во САД. Сити доминираше во текот на целиот натпревар, но за разлика од претходните нивни дуели, „бункерот“ на Челси не издржа и мораше да извади бело знаме.
Серхио Агуеро одигра одличен натпревар постигнувајќи еден гол со кој го отвори резултатот. Напаѓачот на светло сините можеше да постигне уште некој гол, ако беше поснаодлив во завршницата.
Тој им создаваше големи проблеми на целокупната одбрана, па Мурињо се одлучи за првпат откако е дојден во Челси да го извади од игра капитенот Џон Тери заменувајќи го со Зума.
Сепак, тоа не вроди со плод, бидејќи Манчестер сити продолжи да доминира, па притоа постигна и нови два погодоци, преку Компани и Фернандињо, со што „граѓаните“ на најдобар можен начин ја потврдија својата амбиција експресно да се вратат на тронот на англискиот фудбал.
Fernandinho 3:0 | Manchester City – Chelsea 16… by EuropeanLeagueLiveGoal
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)